7.8 C
Скопје
02:11 - 20 октомври, 2026

Вака изгледа ферарито на Саша Поповиќ од пола милион евра

Познато е дека Саша Поповиќ е љубител на добри автомобили и не штеди пари за својата колекција.

Неодамна беше снимен во Белград како вози бело „ферари “, чија цена се движи од 300.000 евра нагоре, а сега на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ дојде во црвено, чија вредност изнесува дури половина милион евра. Само што пристигна, погледите на присутните беа насочени кон неговото возило, бидејќи многумина досега не виделе толку скап автомобил. Новото „ферари“ на Поповиќ можете да го погледнете ТУКА.

Инаку, како што претходно објавија медиумите, Поповиќ кон крајот на минатата година го купи црвеното „ферари“. Инаку, тој купува по едно возило секоја година, па поседува и бело Порше, како и три автомобили „БМВ“, два „мерцедеса“, но и скромен автомобил како „Смарт“.

И самиот призна дека отсекогаш трошел најмногу пари на автомобили.

– Прв ги купив сите модели на „Мерцедес“ во 83 година, четврта, петта… Од тогаш ја имам оваа љубов кон автомобилите. Се разбира, во 1993 година, кога ги изгубив парите кај Дафина, останав без пари. Без ниту еден динар се возев четири години во автобус – изјави Саша Поповиќ за Гранд.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....