18:49 - 8 ноември, 2026

Прва изјава на Драгана Мирковиќ по веста за разводот: Кога ми е најтешко, тогаш сум најсилна

Драгана Мирковиќ проговори за разводот со Тони Бијелиќ, неполни 24 часа по моментот кога јавноста и официјално беше информирана дека долго време не се заедно.

Таа беше домаќин на хрватски медиумски тим во замокот во близина на Виена, а на прашањето за разделбата со Тони, таа се расплака.

– Ова е многу тежок период за мене, исто како во 90-тите. Поминувам низ многу тежок период, но кога е најтешко, тогаш сум најсилна – изјавила Драгана за „24sata.hr“ и ги избришала солзите.

Пејачката пред неколку месеци во ексклузивно интервју за Информер проговори за бракот со бизнисменот.

– За да остане семејството заедно, потребна е жртва. Обично жената е жртва, бидејќи таа е столбот на семејството. Жената е жена, работничка, и мајка… Во овој случај таа е и ѕвезда. Морав да дадам многу од себе, да направам отстапки. Не може да трае ако одите по својот пат. Ако нема компромис и договор… Ако има проблем, да го решиме – изјави Драгана Мирковиќ на ТВ Информер.

Слични објави

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо
Се вчитува....