16.8 C
Скопје
23:04 - 29 септември, 2026

Трамп објави кандидатура за претседателски избори 2024: „Ќе ја вратиме енергетската независност на САД“

Доналд Трамп го најави своето учество на претседателските избори во САД во 2024 година.

„Вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на САД“, рече Трамп за време на говорот од неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Тој изјави дека тоа го прави за да ја направи Америка повторно голема.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата намера и да ја врати енергетската независност на САД доколку биде избран за претседател на земјата во 2024 година.

Според него, на првиот ден од неговиот реизбор „ќе биде прекината војната на (актуелниот претседател на САД) Џо Бајден против американската енергија.

Трамп тврди дека за време на неговото претседателствување, државите „конечно го постигнале невозможниот сон за американска енергетска независност“, но кога Бајден го заменил како шеф на американската администрација, „енергетската доминација не е ни прашање“.

Гардијан, пак, на 15 ноември напиша дека Трамп ќе ја започне претседателската кампања и покрај неуспехот на републиканците на конгресните избори.

Пред неколку дена, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ја нарече номинацијата на Трамп за претседателската функција „лоша вест“ за државата.

На 9 ноември, Трамп рече дека Соединетите Држави под претседателот Џо Бајден станаа „голем дебел неуспех“.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....