8.8 C
Скопје
09:26 - 20 октомври, 2026

Славната Кристина Еплгејт се откажува од актерството – улогата на Кели ќе ѝ биде последна

„Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана МС. Ова ќе биде чудно патување. Но добив толку голема поддршка што многу ми значи. Беше тешко. Како што сите знаеме, животот продолжува. Како што рече еден од моите пријатели со МС: Мораме да бидеме силни и да ги преземеме работите во свои раце. И тоа е она што го правам. Затоа барам приватност во моментов, додека поминувам низ ова. Ви благодарам на сите“.

Ова на Твитер го објави актерката Кристина Еплгејт. Таа за првпат се појави во јавноста откако ѝ беше дијагностицирана тешка болест – мултиплекс склероза.

Познатата актерка Кристина Еплгејт, која многумина ја паметат по улогата на Кели од хит серијата „Брачни води“, пред два дена најави дека улогата во новата серија би можела да ѝ биде последна.

Причината е се потешката борба со мултиплекс склероза, што значително ѝ го отежнува секојдневното функционирање.

Кристина се појави во Лос Анџелес за да ја открие својата ѕвезда на Булеварот на славните. Актерката одеше со бастун и се држеше за пријателите кои дојдоа да го одбележат овој посебен момент.

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.
Се вчитува....