13:20 - 29 ноември, 2026

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Овој брз и лесен рецепт за домашен намаз, може да се комбинира со многу други посни јадења како додаток или како главно јадење и доаѓа директно од тефтерот со стари традиционални македонски рецепти.

Состојки:

– 6 компири
– 300 гр мелени ореви
– 2 лажици доматно пире
– 2 лажици сенф
– сок од ½ лимон
– 2 чешниња лук
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Сварете ги компирите и со пасирање подгответе ги како за пире. Ставете го пирето во подлабок сад и додадете сол, бибер, лук (убаво истолчен), доматно пире, сенф, ореви и лимон.

Измешајте ја смесата убаво со миксер додека не добиете хомогена смеса.

Намазот ставете го стаклена тегла и уживајте во него кога и да посакате.
Одлично оди и со печени компири или во комбинација со некоја свежа салата.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....