22.8 C
Скопје
16:50 - 19 октомври, 2026

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Победничката на реалното шоу „Задруга 2“ и јутјуберката Луна Ѓогани се врати од одмор на Малдивите, каде што со сопругот Марко Миљковиќ извесно време биле заглавени поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

По враќањето, Луна на социјалните мрежи сподели фотографии од патувањето, на кои позира во провокативно издание што веднаш предизвика бројни реакции од следбениците.

„Ајде да ги објавиме сите фотографии од Малдиви, ги чував и сега ќе биде хаос“, напиша таа во описот на објавата.

На фотографиите таа позира со голи нозе и длабоко деколте кај градите, а во еден момент ја подига  лесната летна сукња што ја носи. Воедно го покажа и својот исончан тен, а следбениците веднаш забележаа дека изгледа одлично.

Инаку, иако одморот на егзотичната дестинација требало да биде безгрижен, ситуацијата се променила кога дознале за нападите во регионот, поради што се појавиле проблеми со враќањето дома.

Марко Миљковиќ откри дека во моментот кога слушнале за првите бомби, нивниот одмор практично завршил.

„Кога паднаа тие бомби, тогаш сфативме дека ситуацијата е сериозна, особено затоа што нашите летови минуваат низ тој регион. Иако бевме на Малдиви, веќе не можевме да се опуштиме“, изјави тој.

Тој додаде дека решение пронашле дури кога успеале да организираат лет преку Кина, по што малку се смириле, но вистинското олеснување ќе го почувствуваат дури кога ќе се вратат дома кај своите деца. Марко откри и дека за авионските билети морале да издвојат голема сума пари.

Слични објави

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.
Се вчитува....