13:28 - 29 ноември, 2026

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

Се огласи обвинителството за семејното насилство на Кристијан Голубовиќ – Ова се деталите

Бившиот реалити учесник Кристијан Голубовиќ доби итна мерка со која е оддалечен од станот и му е забранета комуникација со Кристина Спалевиќ. Полицијата интервенирала вчера на 10 март, откако Кристина Спалевиќ, како што денес сама потврди, го пријавила својот невенчан сопруг за семејно насилство.

Пријавата ја потврдуваат и во Второто основно јавно обвинителство кое води истрага, но наведуваат дека нема елементи на кривично дело:

„Пријавено е семејно насилство, меѓутоа нема елементи на кривично дело. На Голубовиќ му се изречени итни мерки од страна на полицијата со кои е оддалечен од станот и му е забранета комуникација со жртвата“, изјавија за српски „Курир“ од Второто основно јавно обвинителство.

Изречените мерки ќе бидат доставени до Второто основно јавно обвинителство во Белград, кое ќе одлучи дали ќе поднесе предлог до суд за нивно продолжување.

Инаку, брачната криза меѓу Голубовиќ и Спалевиќ трае веќе подолго време. Кристина лани го напуштила сопругот, но по некое време се вратила кај него. Таа јавно зборувала за нивниот однос и проблемите во бракот. За време на паузата, Кристина во живо на Инстаграм открила дека ѝ се заканувал со убиство.

„Она што за мене е сигурно е дека не знам да лажам, што не можеме да го кажеме за Кристијан Голубовиќ. И покрај заканите со убиство кои ги добив од него повеќе пати во изминатите 20 дена, дека моите деца ќе растат без мене и така натаму“, изјавила тогаш.

Спалевиќ денес порача дека таа и Кристијан повеќе никогаш нема да бидат заедно, но овојпат нема да зборува јавно на таа тема, додека Голубовиќ смета дека „сето тоа ќе се смири“.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....