21.8 C
Скопје
12:07 - 28 септември, 2026

Том Хенкс посакува да глуми и по неговата смрт со помош на вештачка интелигенција

Актерот Том Хенкс верува дека би можел да продолжи да се појавува во новите филмови откако ќе почине, благодарение на вештачката интелигенција.

Хенкс за последната епизода од „The Adam Buxton Podcast“ изјавил дека доколку сака би можел да ја претстави серијата од седум филмови во кои би имал 32 години, сè до судниот ден.


„Секако дека сега може да се рекреира во било која возраст со помош на вештачката интелигенција и deepfake технологијата. Би можело да ме удри автобус утре и тоа би било тоа, но моите улоги уште би траеле“, вели Оскаровецот.

„Освен сознанието дека тоа би го направила вештачката интелигенција или deepfake, ништо нема да открие дека тоа не сум јас и тоа ќе има одреден степен на квалитетен живот“, навел Оскаровецот.

Бакстон тогаш сугерирал дека луѓето ќе можат да ја разликуваат AI верзијата на Хенкс од онаа вистинската. Иако Хенкс признал дека неговата AI верзија нема да може да има исти перформански како тој сега, прашал дали тоа на публиката би ѝ пречело.

„Луѓето без сомнеж ќе можат да разликуваат, но прашањето е дали тоа би им пречело“, прашал Хенкс, па продолжил: „Постојат некои луѓе на кои им е сеедно, кои нема да го прават тоа разграничување“.

Задачата на создавање на AI Хенкс би било олеснување затоа што неговиот изглед и движења се снимени за потребата на филмот „The Polar Express“ од 2004 година.

Хенкс исто така изјавил дека развојот на вештачката интелигенција ги охрабрува филмските агенти да пишуваат договори за да ги заштитат ликовите на актерот којшто е интелектуална сопственост.

„Можам да ви кажам дека се водат полемики во сите агенции и сите правни фирми за да се дојде до правни последици на моите и туѓите лица и гласови, а притоа сите да останат во наша интелектуална сопственост“, појаснил Хенкс.

Хенкс моментално го промовира својот дебитантски роман „The Making of Another Major Motion Picture Masterpiece“.

Слични објави

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо
Се вчитува....