05:29 - 29 ноември, 2026

Тереза Кесовија се враќа на сцената: Ова едноставно не сакав да го пропуштам (АУДИО)

Познатата пејачка Тереза Кесовија (82), неодамна излезе од комфорната зона и одлучи да оствари соработка со групата „Лет 3“ на новата верзија на песната „Сам у води“ од албумот „Two Dogs Fucking“, пишува Јутарњи лист.

Кесовија во 60-годишната кариера не отстапуваше од своите рамки, а за Јутарњи лист откри дека ова ѝ бил предизвик.

„Ова едноставно не сакав да го пропуштам“, објаснила.

View this post on Instagram

#terezakesovijaofficial #zagreb#dubrovnik#chanson #art

A post shared by TEREZA KESOVIJA -OFFICIAL (@terezakesovijaofficial) on

Како што вели, по снимањето на демо снимката ѝ се јавил Дамир Мартиновиќ Мрле, основачот и басист на групата „Лет 3“ и ѝ рекол дека кога ја преслушувал снимката, четирипати заплакал.

– Мрле и Прља сакаат да ме видат во долг фустан. Велат: „Вие мора да останете Вие“. Ќе ја почитувам нивната желба – објаснува Кесовија.

Во продолжение слушнете го аудиото од песната „Сам у води“.

Во текот на нејзината долгогодишна кариера, обожавателите знаеле да ја изненадат со различни подароци. Најнеобичен, како што вели, е црвената долна облека што ја добила за Нова година од нејзин обожавател.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....