17:11 - 9 ноември, 2026

Таа нема конкуренција – Заработува милиони и помоќна е дури и од Бијонсе

Американската поп ѕвезда Тејлор Свифт е на врвот на листата на најдобро продавани музичари во 2019 година благодарение на успехот на нејзиниот албум „Lover” со кој ги фрли во сенка ѕвездите како корејската поп сензација „BTS”, објави групацијата „IFPI” во понеделникот.

Ова е втор пат 30-годишната пејачка и авторка да го заземе првото место на светот по продажба. Тоа за првпат и се случи во 2014 година со дебитантскиот албум „1989”.

View this post on Instagram

Claws out, kitties. ?

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift) on

„Lover” е нејзиниот седми студиски албум кој вклучува хитови како насловната песна, балади и синглот „ME!”.

По Свифт, на листата за 2019 година се најде британскиот пејач и автор Ед Ширан, а по него следуваат раперот Пост Малоун и тинејџерската ѕвезда Били Ајлиш, која ја урна конкуренцијата на доделувањето на Греми наградите во јануари.

Рок бендот „Queen” основан во 1970 година во Лондон се најде на петтото место. Заработката на групата пораснала по објавување на биографскиот филм за Фреди Меркјури, „Bohemian Rhapsody”. По “Queen” на шестото место се најде популарната јужнокорејска група „BTS”.

Тејлор Свифт се најде и на првото место на листата на Форбс на најплатени музички ѕвезди со заработка од неверојатни 185 милиони долари од новиот албум и турнеите. Нејзината турнеја „Reputation” стана најисплатливата американска турнеја во историјата со заработка од дури 266 милиони долари.

Тејлор се најде и на врвот на листата на најплатени женски музички ѕвезди на која ја надминала и Бијонсе за 100 милиони долари, а се најде и на врвот на најплатени ѕвезди во 2018 година.
Неодамна на „Netflix” излезе документарецот за неа наречен „Miss Americana”.

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....