18:29 - 9 ноември, 2026

Вреди повеќе од 70 милиони – Актерката од ,,Вовед во анатомија” е една од најплатените актерки во светот

Елен Помпео е една од најплатените ТВ актерки, а на гледачите им е позната од филмот „Catch Me If You Can“, серијалот ,,Вовед во анатомија” и музичкиот спот „Bad Blood“ на Тејлор Свифт.

Откако скромно ја започна својата актерска кариера и ја играше „вознемирената девојка“ во еден игран филм, Елен сега заработува 20 милиони долари секоја година за улогата на доктор Мередит Греј во ТВ серијата Вовед во анатомија (Форбс вели дека заработила 22 милиони долари во 2019 година).

Таа заработува речиси 20 милиони долари годишно од улогата во серијата „Grey’s Anatomy“ во која е позната како Мередит Греј. Според Forbes, во 2019 година заработила 22 милиони долари.

Една од најдобрите работи за актерите е тоа што кога одново се прикажува филм во кој глумат, повторно добиваат пари за него, што е случај и со Елен.

Таа поседува и своја продукциска компанија. Елен е копродуцент и на серијата „Station 19“, спиноф серијата на популарната „Grey’s Anatomy“.

Како што пишува „Cosmopolitan“, таа склучила и голем договор со „Amazon“ за драма со американски модни креатори, а исто така работи и како инфлуенсер и на Инстаграм промовира производи за бебиња.

Таа има и доста вреден имот, па така помеѓу август 2017 и април 2018 година, Елен и нејзиниот сопруг ги ставија своите три куќи на продажба. Со оглед дека сите домови се на ексклузивни локации како Холивуд Хилс и Саг Харбор, тие добија 2,08 милиони долари само за еден од домовите.

Според изворите на „Celebrity Net Worth“, богатството на Елен вреди неверојатни 70 милиони долари.

Слични објави

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.
Се вчитува....