9.8 C
Скопје
22:24 - 26 април, 2024

СО ЛЕСНО УЧЕНИЧИЊА: Започна школската година, никогаш почудна, никогаш потажна

Со грутка во грлото изговарам: „Со среќа нека ви е новата учебна година“. И прашувам: Што среќно има во неа? 40 –на протоколи кои јас со моиве 36 години не можам да ги „изџвакам“, навистина не ми е јасно како дете од 6, 7, 8…години ќе ги разбере и применува? Не знам, еве објаснете ми. Можеби сум јас заостаната.

Како мајка на 3-то одделенец добив известување за сè што треба и сè што не треба да прават децата додека се во училиште. Па, таа зграда повеќе не може да се нарече училиште. Додуша, ќе учат дечињата нешто – протоколи, за кои сум сигурна дека ќе им теба цела учебна година да ги совладаат. И во сета таа бура од емоции, бидејќи и оваа година децата нема да имаат нормално детство, се јавив кај неколку детски психолози и педијатри, но не за да „гракам“ во медиумскиот простор, туку за да побарам „дозвола“ дека можам и треба да го пуштам детето во училиште. Сакав, макар едно, стручно лице да му даде „благослов“ на синот дека сè ќе биде во ред со него, додека 8 часа дневно носи маска, дека ќе биде во ред да влегува од посебен влез во точно определено време, дека е сосема нормално 40 деца во училница да седат маскирани, без во ниту еден момент да се допрат, дека мерењето температура на влез и излез, дезинфекцијата на рацете на секој половина час е за негово добро…дека тоа што не може да си ја види симпатијата од другото трето одделение (а, ја памети уште од прво) е за нивно добро. Ама… не се најде тој од мајка роден експерт да ми даде „амин“. Ај тоа, туку „ме врати“ километри назад од патот кон училницата.

„Ако имаш избор, немој мајка да го праќаш во школо. Таа глетка во нивната возраст, ќе им остане траума. На страна ограничениот проток на кислород до мозокот поради маската. Децата се „свето тројство“ од љубов, прегратки и насмевки, а сега, сето тоа е строго забрането. Ако сакаш да се изгради во асоцијална личност, нека седне во клупа, само немој да се жалиш дека не си знаела.“

Нема доктори, нема да се жалам на вас, зошто имавте доблест да ме „ишамарате“ со виситината, жалам само што имате и вие забрани и немате опција јавно да „ишамарате“ сè по список. Очигледно недостаток на опции имаат и родителите. Бидејќи од 39 деца во нашето одделение, само две деца ќе бидат со онлајн настава. Јака ви душа, и вам и на вашите деца. А како ќе успеете да стигнете, со работно време до 16:30, да ги земете децата од училиште во 16 часот?

Фото: ЈуТјуб Принтскрин

Најискрено, ми се плаче…за нив…за децата што детство не видоа година ипол. И можеби е себично, зошто јас сум само носталгична, бидејќи за компарација го имам детството од мое време…а нашите деца не знаат за друго…или барем веќе заборавија доkолку и нешто од таа безгрижност почувствуваа.

Додека овие мозочни виуги ми дуваат низ главата, седам надвор, пушам цигара во безуспешен обид да се смирам, гледам две девојчиња (од прво или второ одделение) заедно со своите родители како се враќаат од првиот училишен ден. Пред да се разделат, секој по својот пат, девојчињата без маски, со насмевки од шестка до шестка, се прегрнаа толку искрено што љубовта и радоста меѓу нив ја почувствував и јас. Ете, за момент, таа глетка ме смири. Тие сепак не заборавиле да се прегрнуваат или сè уште не ја научиле лекцијата од првиот час дека прегратки и каков било физички контакт е исклучително опасен по нивното здравје. И додека се обидувате и нас возрасните да не натерате да глумиме дека „пасеме трева“, да се потсетиме на медицинскиот факт: среќата го зголемува имунитетот, стресот го намалува. Ако вие што одлучувате вака, мислите дека родителите ќе поверуваат дека ова е среќна, а не стресна околност за децата, тогаш „неко меџу нама није наш“.

А во такви случаи, се бара „упат за во Бардовци“. Зошто моето дете не планирам да заврши на такво место поради траумите што ќе ги собере од периодот што треба да биде негов најубав!

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....