16:05 - 10 ноември, 2026

РОУЗ МЕКГОУЕН ЈА НАРЕЧЕ ОПРА ВИНФРИ ГУШТЕРКА: „Мило ми е што сè повеќе луѓе ја гледаат грдата вистина за Опра“

Роуз Мекгоуен верува дека Опра Винфри ја лажирала нејзината поддршка за движењето #MeToo.

„Мило ми е што сè повеќе луѓе ја гледаат грдата вистина за Опра“, објави на „Твитер“ 47-годишнната „Волшебничка“, заедно со стара фотографија од водителката со сега 67-годишниот, осуден силувач Харви Вајнстин. На фотографијата двајцата се насмеани и изгледаат мошне блиски. „Посакувам да беше искрена во намерите, но не е“.

Мекгоуен, продолжи: „Од другари со Вајнстин до напуштање и уништување на жртвите на Расел Симонс, таа е поддршка на болна структура на моќ за лична корист, таа е вистински фолирант. #гуштерка”.

Долгата листа на Вајнстин за наводни сексуални напади од 1970-тите беше катализатор за движењето #MeToo во октомври 2017 година, при што Мекгоуен беше една од првите од десетиците жени што го обвинија за силување.

Расел симонс
ФОТО: EPA/JUSTIN LANE

Во меѓувреме, Симонс, исто така, беше обвинет за силување и сексуално малтретирање од 20 жени. Музичкиот извршен директор (63) ги негираше обвинувањата и се повлече од јавноста во последниве години, иако повторно се појави во Хемптонс на почетокот на овој месец.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....