15:42 - 7 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дожд и снег, еве кога и каде низ Македонија

– Како што претходно кажавме, во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во понеделник, кога услови за врнежи од снег кој би бил релативно мокар ќе има и на некои места со надморска височина од околу или под 1000 метри, и тоа особено во западните и во северните предели – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, во првите денови од следната недела ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени, додека нешто пониски температури ќе имаме во понеделник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Уште поголемо заладување на времето се очекува од средината на следната недела, односно од среда. Но детална анализа околу ова следува понатаму.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Од понеделник ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 10 степени.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....