23.8 C
Скопје
13:47 - 29 септември, 2026

Славчо Попоски предупредува на големо невреме во Македонија

– Во текот на новата седмица која што ни претстои, и тоа под влијание на ИЗРАЗЕНА влажна и нестабилна воздушна маса, времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд (за релативно кратко време поголемо количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде од поголем пречник. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање. И во Скопскиот регион во текот на новата седмица која што ни претстои, ќе растат условите за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, додека температурите ќе бележат тенденција на опаѓање – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....