11:40 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Новата година ни почнува со луда температура!

-Како што веќе најавивме утре ќе има појава на повремен локален дожд, додека од четврток па натаму времето ќе биде променливо облачно, а ќе има и појава на сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во четврток повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината утре ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека од четврток па натаму времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 8 и 11 степен.
Според Попоски, за време на новогодишната ноќ времето ќе биде ведро и не многу студено со натпросечно високи температури на воздухот. Ќе има појава и на умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 1 до 8 степени. Особено топло ќе биде на првиот ден од новата 2022 година, односно во сабота кога температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАТПРОСЕЧНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, а времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Слични објави

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova
Се вчитува....