12.8 C
Скопје
02:45 - 26 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Малку сонце! Па, пак снег и дожд, проверете кога!

– Во текот на денешниот ден, како и утре времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Особено денес ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Според Попоски од петок попладне и навечер следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на ниските и од снег на повисоките места и на планините.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, додека пад на истите ќе има за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....