20.8 C
Скопје
19:34 - 29 септември, 2026

(ВИДЕО) Потресна објава на украинската прва дама: Погледнете, вака денес изгледа Украина

За само еден час видеото што го објави Олена Зеленска на својот службен профил достигна повеќе од 200.000 прегледи

Со цел да му покаже на светот што се случува во нејзината земја, во која остана и покрај заканите, првата дама на Украина Олена Зеленска го користи нејзиниот службен профил на Инстаграм. Во најновата објава, преку снимен видео материјал, таа објави потресни снимки и напиша текст што никого не остави рамнодушен.

„Вака денес изгледа Украина. Ова видео треба да му покаже на светот дека ние сме во војна. Поради нападот на Путин, Украинците секоја ноќ мора да ги носат децата во подрумите и да се борат со непријателот во своите домови. Украина е мирољубива земја. Ние сме против војна и не нападнавме први, но нема да се откажеме. Свету, погледни, се бориме за мир во вашите земји!“

Олена Зеленска ги користи токму социјалните мрежи за да го охрабри својот народ во оваа најтешка борба, од која стравува целиот свет. Во една од нејзините последни објави таа му порача на народот,

„И денес нема да паничам и да плачам. Ќе бидам смирена и самоуверена. Моите деца ме гледаат. Ќе бидам покрај нив. И покрај мојот сопруг. И со тебе. Те сакам! Ја сакам Украина!“

 

 

Слични објави

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо
Се вчитува....