17.8 C
Скопје
14:58 - 18 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Магла, дожд и снег, еве кога!

– Денес и утре за Бадник времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак утре во текот на денот, а особено во доцните попладневни и вечерни часови облачноста ќе се зголемува. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла или на значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината денес и утре времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Во претпладневните часови ќе има појава на магла или значителна ниска облачност, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени.
Според Попоски, во следните денови, односно за Божиќните празници времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на некои од повисоките места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....