24.8 C
Скопје
13:10 - 29 април, 2024

Што значи нарушувањето на Ким Бесинџер, агорафобија? Не е само страв од отворен простор, туку многу посложена состојба; психолозите објаснуваат

Една од најубавите холивудски глумици,  Ким Бесинџер (68) неодамна отворено проговори за нарушувањето со кое веќе подолг период се бори, агорафобијата, пореметување поради кое во последниве години ретко се појавува во јавноста.

Но, што значи ова пореметување? Психолозите даваат одговор.

Агорафобија е страв да се биде во ситуации од кои не е можно да се избега или да се добие помош во случај на опасност. Тоа е сложена состојба која не се однесува само на, како што вообичаено се верува, стравот од отворени простори.

Лицето кое страда од агорафобија може да се плаши да патува со јавен превоз, да посети трговски центар, да ја напушти куќата поради страв дека ќе се соочи со особено стресни ситуации кои можат да предизвикаат нарушувања (симптоми) типични за напад на паника: забрзано чукање на срцето, брзо дишење (хипервентилација), чувство на топлина придружено со потење, чувство на вознемиреност.

Обично, затоа, таквите лица имаат тенденција да ги избегнува сите оние ситуации кои би можеле да предизвикаат анксиозност; претпочитаат да го напуштат домот само во друштво на пријател или сакана личност; да нарачаат намирници преку Интернет наместо лично да одат во супермаркет. Типично, агорафобијата се развива како компликација на панично растројство, анксиозно растројство кое вклучува моменти на интензивен страв. Бидејќи враќањето на места или повторното преживување на ситуации каде што се случиле напади на паника во минатото може повторно да предизвикаат анксиозност, луѓето со агорафобија обично имаат тенденција да ги избегнуваат истите.

И од тага може да се развие агорафобија

Травматските настани, како што е тага, исто така може да придонесат за развој на агорафобија, како и некои гени наследени од родителите.

Повеќето луѓе наоѓаат значителни подобрувања со тоа што се подложуваат на психолошки третман. Вообичаено, чекор-по-чекор пристапот се препорачува за третман на агорафобија и секое панично пореметување како резултат на нарушувањето.

Четири фази на лекување

Првата фаза на лекување вклучува да се стекне знаење за болеста, за можни промени во животниот стил што треба да се спроведат и за техники за самопомош корисни за ублажување на симптомите. Во оваа фаза лекувањето вклучува редовна физичка активност; изборот на поздрава исхрана, без алкохол и пијалоци кои содржат кофеин, како што се, на пример, чај, кафе и кок-кола; отсуство или намалување на лекови. Техниките за самопомош, корисни за време на напад на паника, вклучуваат останување на местото каде што се наоѓате со фокусирање на нешто видливо, а не перципирано како заканувачко, и бавно и длабоко дишење.

Втората фаза или вториот чекор за лекување е вклучување во институционално акредитирана програма за самопомош со водич. Ова значи користење на прирачници кои ги опишуваат различните типови на проблеми што може да се појават и даваат практични совети за најдобриот начин да се справите со нив.

Третата фаза е преземање на поинтензивна нега како когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ) или вклучување во терапијата на соодветни лекови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Basinger (@kim.basinger)

Се лекува?

Околу една третина од луѓето со агорафобија постигнуваат целосно закрепнување. Кај околу половина, симптомите се подобруваат, иако во случај на силен стрес може повторно да се интензивираат. И покрај третманот, сепак, околу една петтина продолжува да има симптоми.

Агорафобијата е двојно почеста кај жените отколку кај мажите. Обично се јавува на возраст од 18 до 35 години, но не е исклучено да се појави на било-која животна возраст, како што е случајот со 68 годишната глумица Бесинџер.

Слични објави

(Фото) Луѓето воодушевени од фустанот на Александра Пријовиќ од Роберто Кавали: Го пронајдовме, во моментот е на намаление

Еспресо

(Фото) Никол Кидман ги покажа ќерките: Убави како мама

еспресо

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо
Се вчитува....