9.8 C
Скопје
10:05 - 19 април, 2024

Разговор со д-р Јовановски: Брзо и едноставно „стопив“ 22 килограми за 2 месеци

Нема поголема мотивација и предизвик од тоа да јадеш, а да не гладуваш, и да слабееш брзо и здраво, вели нашиот соговорник д-р Михајло Јовановски, стоматолог, кој за два месеци ослабнал  22 килограми. 

фото-приватна архива

Како се одлучивте за липосукциска исхрана?

 

– Одлуката да започнам со липосукциската исхрана беше веднаш донесена, кога слушнав за неа. Со мало претходно истражување за каков тип на исхрана се работи, решив и јас да пробам. Беше голем и убав предизвик. Борејќи се претходно со најразличен тип на диети, со кои и покрај сите направени „жртви“, никогаш не успевав да ги намалам посакуваните килограми. Ми звучеше примамливо кога разбрав дека за кратко време т.е. за 14 дена се губи до 10 % од телесната тежина. И си реков супер, доаѓа лето, а сите ние сакаме да изгледаме во костим за капење фит, морам и јас да го пробам овој тип на исхрана. Секако, сакав и да си ја подобрам крвната слика, која до пред третманот не ми беше баш најдобра.

 

Какви беа вашите искуства, од започнувањето до реализацијата?

– Ја имав целосно поддршката од тимот на „Липо диет“ центарот, од започнувањето па сè до реализацијата. Липосукцискиот протокол може да се каже дека е современ пандан на протеинските диети. Освен избор на дозволена храна, тој вклучува и одредени суплементи во исхраната кои се во вид на протеински напивки. Многу е едноставно, се олеснува дилемата околу тоа што треба, а што не треба да се консумира при траење на протоколот. Важно е да се знае дека дневното внесување на калории е на нивото на индивидуалната потреба на организмот, дека заедно со исхраната може да се внесуваат суплементи кои ги надоместуваат витамините, минералите и другите микронутриенти. Најважно е тоа што се чувствував добро и задоволно за време на третманот, и после него немав никакви последици за здравјето.

Како треба да изгледа еден оброк?

– Липосукциската исхрана не подразбира агресивни мерки кои вклучуваат гладување, се разликува индивидуално, а базирана е главно на намирници од протеинско потекло.

Пред појадокот внесував млака вода во организмот и тоа на празен стомак, вклучувајќи и лимон без шеќер. Значи се работи за лесен појадок во чија основа се протеините. Јадев варено јајце, пиев кефир, семки од лен, омлет со моцарела и домати, 1-2 кришки препорачан леб од лен со путер, може туна без масло и така. Ручекот веќе беше малку пообилен, се внесува месо, дали е тоа мисиркино или пилешко филе, бифтек и риба секако, но заедно со сезонски салати. Важно е да се запази соодносот, значи ако месото е 1/3 од оброкот, салатите треба да се 2/3. За вечера јадев разни чорбички домашно приготвени од зеленчук (брокула, карфиол, пиперка, кромид), потпечени тиквички, модар патлиџан, зелка, печурки и секогаш користев путер, хималајска сол и билни зачини.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Дали чувствувавте глад, чувство на исцрпеност?  

– Воопшто не ме исцрпуваше и измачуваше, не гладував и имав многу повеќе енергија да ги извршувам моите обврски со пациентите како стоматолог и сите други домашни обврски.

Што најмногу ве мотивираше, беше ли тежок предизвик?

– Мотивацијата беше огромна зашто веднаш можев да почувствувам промена, стомакот почна да ми се намалува за кратко време, добивав повеќе енергија и тогаш мотивацијата само ми растеше! Уште поголема стануваше кога почнаа килограмите да се намалуваат, а тоа беше видлив доказ на вагата. За една седмица имав минус 4.5 килограми, за две седмици дури 10 килограми, како и намалување во обем на струкот и градите. Поголема мотивација и предизвик од тоа да јадеш, а да не гладуваш, и да слабееш брзо и здраво нема. Моето искуство покажа дека за два месеци намалив дури 22 кг од својата првична тежина, па прилично сум среќен и задоволен со сопствениот резултат. Но, уште повеќе сум среќен што продолжив и понатаму со новиот, правилен и здрав начин да исхрана.

„Липо диет“ центарот дава бесплатни консултации. Тел02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Комерцијален текст.

Неда Украден ја откри тајната за вајано тело: „Го сакам „Липо“ системот на слабеење зашто дава брзи резултати“

Слични објави

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо
Се вчитува....