15:36 - 8 ноември, 2026

Први резултати од ТОКСИКОЛОШКАТА АНАЛИЗА на Метју Пери: Еве што открија во телото

Првите резултати од токсиколошката анализа покажаа кои супстанци се негативни за Метју Пери, кој почина на 28 октомври во Лос Анџелес, на 54-годишна возраст.

Познатиот актер се појавил 24 часа пред трагедијата во хотел на Беверли Хилс во друштво на непозната бринета, изгледал расположено, ден подоцна беше пронајден мртов во џакузи на неговиот имот. Новите детали чекор по чекор ја комплетираат сликата за трагичниот настан.

Според првичните тестови, смртта на Метју Пери не била последица на предозирање со фентанил или метамфетамин. Анализата откри дека актерот немал мет или фентанил, моќни опиоиди, во неговиот организам. Се прават дополнителни тестови како дел од токсиколошката анализа за да се утврди дали во неговата крв имало и други нелегални лекови или имало штетни дози на лекови препишани на рецепт.

Фактот дека првичното тестирање не покажало предозирање со метамфетамин или фентанил, водечкиот убиец во епидемија на опиоиди во Америка, е во согласност со она што луѓето блиски до актерот тврдеа – дека бил трезен и никогаш посреќен, пишува TMZ.

Најпрво се предвидуваше дека ќе бидат потребни најмалку шест недели за резултатите, а сега се споменува период од четири до шест месеци пред да се објави официјалната причина за смртта на актерот.

Сите лекови пронајдени во домот на Метју Пери тој кобен ден му биле препишани на актерот за различни заболувања, од депресија до анксиозност и биле пронајдени во соодветни пакувања (односно актерот уредно ги користел според препишаните дози).

Доколку токсиколошките тестови покажат нешто сомнително, Одделот за убиства и грабежи на полицијата во Лос Анџелес, кој го води случајот, ќе ја продолжи истрагата.

Засега се укажува дека Метју Пери се удавил во џакузи, поради срцев удар, по финалната анализа ќе се види дали докторите ќе се држат до тој заклучок.

(Фото) Ден пред смртта, Метју Пери бил на романтичен ручек со мистериозна бринета: „Никогаш посреќен“

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....