19.8 C
Скопје
17:58 - 2 мај, 2024

„Бев ужасна сопруга со него“, почина поранешниот сопруг на Ева Лонгорија: Ова е нивната кратка љубовна приказна

Американскиот актер Тајлер Кристофер Бејкер почина на 51-годишна возраст. Тој беше најпознат по улогата во серијата „Џенерал хоспитал“. Неговиот пријател Морис Бенард ја сподели веста на Инстаграм.

– Со голема тага ја споделуваме веста дека почина Тајлер Кристофер. Тајлер почина утрово по срцев удар во неговиот стан во Сан Диего – напиша Бенард и додаде:

– Тајлер беше навистина талентиран поединец кој блескаше во секоја сцена што ќе ја изведе и уживаше да им донесе радост на своите верни обожаватели преку својата глума. Тајлер беше драга душа и прекрасен пријател за сите што го познаваа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maurice Benard (@mauricebenard)

Тајлер и Ева Лонгорија беа две години во брак, како почна и зошто заврши нивната љубовна приказна?

„Излегувавме, потоа останавме пријатели и повторно се состанувавме“, изјави актерот Тајлер Кристофер. Тој и Ева Лонгорија се венчаа во 20002 година во Лас Вегас, Сара Мишел и Фреди Принц Џуниор беа на нивната венчавка.

Инстаграм

“Да се ​​биде во брак е потешко отколку што мислевме. И двајцата имаме навики од кои не сакавме да се откажеме”, изјави своевремено Ева Лонгорија. Но блиските на поранешниот пар, тврдат дка инаетот својствен за двајавцата актери им правел проблеми.

Тие раскинаа во јануари 2004 година. Тие не зборуваа за тоа со години, а потоа таа рече во 2008 година: „Тој беше прекрасен човек, но јас бев многу млада. Не знаев која сум и се уште се мачев како актерка. Бев ужасна сопруга“.

Лонгорија во 2022 година за врската со Тајлер, изјави за Пипл: „Мислам дека љубомората бара толку многу енергија. Се сеќавам дека бев толку љубоморна и постојано чувствував како да ми се врти стомакот. Тоа е најлошото чувство. Зошто некој би сакал да се чувствува така?!“

Тајлер Кристофер беше од 2008 до 2021 година оженет со поранешна новинарка, Бријен Педиго, со која доби две деца.

За глумецот во 2019 година се грижела неговата сестра, под чие старателство бил ставен поради зависност од алкохол откако паднал во пијана состојба, ја повредил главата и предизвикал опасно внатрешно крварење.

Подоцна, тој ја тужеше својата сестра Сузан Асмо Бејкер дека ги искористила 40.000 долари кои биле наменети за него и грижа за него, за да го исплати долгот од кредитна картичка и да купи лаптоп за нејзиниот син, што таа негираше.

Во мај беше уапсен поради опивање во јавност, па пуштен од затвор со кауција од 250 долари. Беше уапсен и во 2019 година поради сличен инцидент во пијана состојба кој се случил во такси. Ја признал вината, а судијата му наложил да оди на рехабилитација.

По лошите вести, Ева сакала да му помогне. „Таа би му ја пружила на Тајлер сета помош што му е потребна, вклучително и плаќање за рехабилитација“, изјавил извор за Радар онлајн.

Ева Лонгорија е во брак со Хозе Антонио Бастон, со кој има син, таа беше во брак и со Тони Паркер.

Слични објави

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо
Се вчитува....