12:45 - 7 ноември, 2026

ПРИСТИГНА ВТОРОТО ДЕТЕ НА ИЛОН МАСК И ГРАЈМС, СЕКАКО СО ЧУДНО ИМЕ: Еве што значи името на девојчето и зошто бременоста од сурогат мајка се чуваше во тајност

илон маск грајмс

Илон Маск и неговата партнерка Грајмс по втор пат станаа родители: се роди втората ќерка која ја крстија Екса Дарк Сидерел.

По првороденото дете со име XÆA-12 (подоцна сменето во X Æ A X-II), речиси две години подоцна пристигна и малата сестричка Екса Дарк Сидерал или скратено Екса, но тие ќе ја викале накратко „Y“.

Милијардерот и неговата партнерка го проширија семејството, благодарение на сурогат мајка. Изборот на името, пак, беше сосема во нивен стил, земајќи предвид дека Илон во семејството е попознат како „X“, Елон Маск (50).

Доаѓањето на свет на малата Екса, родено од сурогат мајка, го најави самата Грајмс на насловната страница на априлското издание на Vanity Fair USA.

Но што навистина значи името на малото девојченце?

„Екса“, објаснува Грајмс „е компјутерски термин, додека Дарк се однесува на непознатото“. Луѓето често „се плашат од непознатото, но во реалноста тоа е само отсуство на фотони“ (фотон е честичка на светлината што се шири во вакуум и се движи. Фотонот предизвикува електромагнетното зрачење да се движи од една до друга точка на различни начини на кои можеме да го видиме, н,з) – прецизира таа, додавајќи дека „темната материја е најчудесната мистерија на нашиот универзум“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Инаку, Клер Баучер – ова е вистинското име на партнерката на Маск, втората бременост ја чувала во најстрога тајност зашто по тригодишната љубовна врска и раѓањето на нивното прво дете, минатиот септември и двајцата тргнаа по различни патишта, и до толку се оддалечија што комуницираа само преку пораки на социјалните мрежи.

За нивната разделба почна да се зборува кога Грајмс го читаше Комунистичкиот манифест на Карл Маркс во центарот на Лос Анџелес.

Токму таа, тогаш поранешна партнерка на еден од најбогатите луѓе во светот, се преправаше дека е задлабочена во томот напишан од таткото на комунизмот, теоретичар на укинувањето на приватната сопственост и уривањето на буржоаските привилегии, отстапувајќи го местото на пролетерските идеали.

Сепак, односите полека им се подобруваа, зашто Илон Маск остави отворена врата за продолжување на врската со Грајмс. 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....