10.8 C
Скопје
21:47 - 19 октомври, 2026

ПРИСИЛЕН БРАК И СЕДУМ ГОДИНИ ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Потресна исповед на Ромка од Ирска

Исповед на Ромка од Ирска

Ромката од Ирска, Бриџит Вал редовно споделува детали од својот живот на „ТикТок“, а неодамна откри дека не знаела за нејзиниот договорен брак, до тоа утро…

– Бев принудена да се омажам, а до денот на венчавката дури и не знаев дека се мажам, а камоли кога – раскажува за утрото кога се разбудила, а голема бела венчаница ја пречекала на креветот. Имала само 16 години.

Фото: Принтскрин/ТикТок

„Не бев жена, сè уште бев дете“, вели оваа девојка која има армија придружници на „Тикток“.

Договорените бракови уште додека си дете, практично не се ништо невообичаено за ромските семејства, а Бриџит открива и зошто е тоа така. Поентата е дека Ромите не сакаат нивните деца да се венчаат со луѓе од друга националност и вероисповед, па затоа родителите претпочитаат да изберат некој од нивната заедница, некој што го познаваат и кој им се допаѓа.

Сепак, и во ромската заедница постојат некои „правила“ кои се чудни за остатокот од светот.

Фото: Принтскрин/TikTоk

„Ако ромската заедница е мала, тогаш се случува да се венчаме едни со други, со роднини, но тоа е реткост денес во Ирска“, вели оваа девојка, додавајќи дека децата не се прашуваат за ништо, едноставно треба да постапуваат како што нивните родители ќе им наредат.

Многу брзо, нејзиниот сопруг кого пред венчавањето воопшто не го познавала, почнал да ја малтретира, а таа седум години го трпела злоставувањето поради своето семејство. На 23 години, веќе била разведена.

@bridgey_barbara Reply to @user5676397557786 #fypシ #jdpassiton ♬ original sound – Bridget wall

 

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....