17.8 C
Скопје
15:27 - 18 октомври, 2026

Моќен хербален лек кој го подобрува расположението и меморијата

зачини

Иако експертите по алтернативна медицина велат дека рузмаринот може да се користи сам, подобро е да се комбинира со други растенија, затоа што така се подобрува позитивниот ефект.

Познат е по тоа што дава специфичен вкус во комбинација со печен компир, или со печено пилешко, но и како зачин со исклучително моќни лековити својства.

Рузмаринот, меѓу другото, го подобрува расположението, меморијата и влијае на здравјето на цревата, па затоа е многу корисно да се вклучи во исхраната.

Порано, бил многу популарен хербален лек што се користел за зајакнување на меморијата. Се спомнува и во делата на Шекспир, кога Офелија му вели на Хамлет – „Еве рузмарин, за сеќавање; моли се за љубов, запомни!“

Неодамнешните студии покажуваат дека може да има позитивен ефект врз расположението и помага при голем прилив на стрес. Една студија од 2018 година, спроведена на глувци кои биле изложени на хроничен стрес покажала дека екстрактот од рузмарин имал антидепресивно дејство.

Истражувачите тврдат дека ова растение помага во процесот на управување со воспаленија во хипокампусот на мозокот, како и во цревата. Се чини дека рузмаринот има позитивен ефект и врз ендоканабиноидниот систем – главниот регулаторен систем на човечкиот организам, кој моментално е предмет на истражувања.

рузмарин

Ова чудесно растение содржи соединенија кои се врзуваат за канабиноидните рецептори. Иако сè уште не се знае точно како и зошто, помага да се балансираат бројни процеси во телото и да се ублажи нашата реакција на стрес.

Можете да најдете и чисти тоници и додатоци на екстракт од рузмарин, но доколку измешате рузмарин со други природни состојки кои имаат балансирачки ефект врз ендоканабиноидниот систем како каранфилче, црн бибер и коноп може да добиете синергетски дејство и чувство на смиреност.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....