12:20 - 29 ноември, 2026

Прегратки во ВСЕЛЕНАТА меѓу РУСИТЕ и АМЕРИКАНЦИТЕ, а потоа „Сојуз“ слета со Американецот на руска почва!

И покрај тековната тешка битка меѓу САД и Русија за Украина, сè уште постои простор за соработка меѓу двете суперсили во космосот.

Прегратки во вселената меѓу астронаутот на НАСА Марк Ванде Хеи и руските космонаути Пјотр Дубров и Антон Шкаплеров во Меѓународната вселенска станица, пред да се качат на руското вселенско летало Сојуз и да се вратат на Земјата.

Се стравуваше дека зголемените тензии меѓу САД и Русија поради војната во Украина ќе создадат проблеми за враќањето на 55-годишниот астронаут. Но, самата НАСА на почетокот на март објасни дека нема да има никакви последици за операциите на ISS или враќањето дома на американскиот астронаут.

Сојуз се одвои од вселенската станица во 9.21 часот по наше време. Тројцата астронаути, по речиси пет часа повратен лет, слетаа во степите на Казахстан, во областа на космодромот Бајконур.

Капсулата ја допре земјата во 13:28 часот по наше време и така заврши првото враќање на американски астронаут на руска почва од избувнувањето на војната во Украина. Ванде Хеи и Дубров се враќаат на Земјата по 355 последователни дена на Меѓународната вселенска станица, што е нов рекорд за американски астронаут.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....