10:45 - 12 ноември, 2026

Почина Том Паркер, пејачот на The Wanted: „Никогаш не помислуваш дека тоа може тебе да ти се случи!“

Пред нешто повеќе од една година му беше дијагностициран тумор на мозокот. „Никогаш не мислиш дека тоа може да ти се случи тебе“, коментираше уметникот за Мирор. Остави две многу мали деца. Имаше само 33 години.

Том Паркер не успеа. Пејачот на бој бендот The Wanted почина на 33 години, од тумор на мозокот. Тоа го потврди неговата сопруга Келси, со која Паркер имаше две деца, Аурелија (2-годишна возраст) и Боди (1-годишна возраст).

„Со скршено срце морам да потврдам дека Том мирно не напушти рано утрово, придружуван од љубовта на неговото семејство кое никогаш не го остави сам“, изјави Келси Паркер. „Ние сме скршени. Том беше центарот на нашиот свет и не можеме ни да замислиме каков би можел да биде животот без неговата заразна насмевка и виталност“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelsey 💋 Parker (@being_kelsey)

Лекарите му ја дијагностицирале болеста пред нешто повеќе од една година кога неговата сопруга Келси го чекала нивното второ дете.

„Знаев дека веројатно нешто не е во ред, но никогаш не очекував такво нешто“, коментираше пејачот во разговор за Мирор по резултатите од медицинските тестови. „Никогаш не мислиш дека тоа може да ти се случи тебе“.

Неодамна толку ослабна што можеше да се движи само во инвалидска количка, но „до крај се бореше со болеста“, рече неговата сопруга. Таа потоа им се заблагодари на сите за блискоста и поддршката добиена во последниве месеци и во овој тежок момент: „Благодарна сум на сите вас“, заклучи , „и ве молам да останете обединети за светлината на Том да продолжи да ги осветлува неговите прекрасни деца “.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....