17.8 C
Скопје
14:21 - 18 октомври, 2026

ДЕМИ МУР ја потврди шокантната вест: „На саканиот БРУС му е дијагностицирана афазија, мора да престане да глуми!“

„Сакаме да ве информираме дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми и му е дијагностицирана афазија, што влијае на неговите когнитивни способности.

Затоа Брус ќе ја напушти актерската кариера која толку многу му значеше“, напиша Деми Мур на социјалните мрежи објавувајќи го она за што со месеци се зборува во Холивуд и се шпекулира во медиумите.

Големиот Брус Вилис, ненадминатиот херој на акционите блокбастери со кои пораснавме, повеќе не може да ја работи работата за која е роден и е принуден да се повлече од очите на јавноста.

Вусшност откако истата вест ја објави ќерката на Брус Вилис, сите помислија дека токму таа и ја напишала, а сега е јасно дека зад објавата стојат заедно и двете – Деми и Румер.

Интересно е што веста ја објави неговата поранешна сопруга, а не сегашната, но во срцата и сеќавањата на љубителите на оваа ненадмината филмска и брачна двојка, тие, и покрај неговите и нејзините подоцнежни врски и бракови, останаа неразделни засекогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

На крајот на објавата стои – „со љубов, Ема, Деми, Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин“. Објавата за еден час ја „лајкувале“ над 85 илјади луѓе.

Афазија е болест која се однесува на губење или нарушување на говорот, што вклучува намалена способност за разбирање или изразување зборови.

 

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....