11:59 - 30 јули, 2026

ПОСТВЕЛИГДЕНСКА ДИЕТА СО ВАРЕНИ ЈАЈЦА: За 6 дена се топат 3 килограми

По завршувањето на празниците обично излегуваме со некој килограм повеќе зашто нормално тогаш трпезата е побогата од вообичаеното. А веруваме дека од велигденските јајца се уште имате.

Диетата со јајца се држи шест дена или пак двапати по шест дена, односно само дванаесет дена. Слабеењето е индивидуално, но во просек се губат по 3 до 4 килограми. Диетата оди со консумирање на големо количество на течности, природно цедени сокови и вода. Дневната доза на течности кои треба да се испијат е 2 до 2, 5 литри. За време на ручекот дозволена е чаша бело или црвено вино.

Појадокот и ужината се за сите денови исти.

Појадок – Овошен јогурт. Подобро е ако сами може да го подготвите. За тоа е потребно ацедофилен јогурт (половина литар) и сезонско овошје по желба.

Ужина– Ужината се состои од природно цеден сок од јаболка, морков и грејпфрут, 2 до 3 чаши.

Прв ден.

Ручек – 3 варени јајца, марула, младо кромитче, маслиново масло, маслинки.

Состојките се мешаат и белковините се сосема доволни за да го заситат организмот. На крај од ручекот може да се напиете бистра супа.

Вечера – 2 варени јајца, шопска салата.

Втор ден.

Ручек – Спанаќ се динста со маслиново масло, кромид, лук, домати и морков. Откако спанаќот ќе се издинста се рендаат 2 варени јајца. Дополнително, направете салата од цвекло, морков и зелка.

Вечера – 1 варено јајце со 1-2 лажички немрсна павлака, маслиново масло и младо кромитче се мешаат. Дополнително, направете салата од домати, марула и младо кромитче.

Трет ден.

Третиот ден се базира само на овошје и зеленчук. Овошјето се јаде во претпладневните часови, а салатата е разновидна. Може да се напиете и ацедофилен јогурт.

Четври ден.

Ручек – Вариво од зеленчуци, по можност брокула, карфиол, кељ и прокељ се динстаат со маслиново масло и малку сол. Потоа се додаваат 3 изрендани варени јајца и 1 до 2 лажички немрсна павлака.

Дополнително, салатата направете ја од марула, младо кромитче и маслинки.

Вечера – 1 варено јајце, кромид и краставица.

Петти ден.

Ручек – Издинстана коприва или штавеј со маслиново масло се мешаат со 3 варени јајца, кромид и 3 домати. Може да се напиете и една чаша ацедофилен јогурт.

Салатата направете ја од цвекло, целер и морков.

Вечера – 1 јајце, марула, немрсна павлака, кромид, ацедофилен јогурт.

Шести ден.

Шестиот ден е ист како и третиот ден, само на овошје и зеленчук.

Слични објави

„Да не беше музиката, ќе бев мртов до 25 години“: Десингерица отворено за пороците и животот пред славата

Еспресо

(Фото) Ќерката на Соња Тарчуловска блесна во впечатлив летен стајлинг – Мелани воодушеви со новите фотографии

Еспресо

(Фото) „Засекогаш П“: Во Аеродром откриен мурал во чест на Панчо

Еспресо

Хороскоп за 30 јули: Овните ќе донесат важна одлука, Рибите ќе се соочат со вистината

Еспресо

Аца Амадеус е во врска со 23 години помладата пејачка: „Конечно ја најдов љубовта на мојот живот“

Еспресо

Лазар Бараков ги стави на страна несогласувањата со Гоце Тодоровски и емотивно се прости од него

СП.
Се вчитува....