6.8 C
Скопје
08:34 - 19 април, 2024

Популарниот пејач прозборува за ужасното искуство: Немаше никого во близина, а потоа ми извадија нож!

Instagram

Младиот пејач Хари Стајлс конечно ја раскажа приказната за инцидентот кој се одигра на Денот на вљубените, вечерта на 14 февруари, кога на улица во Лондон го пресретна група на крадци, кои му се закануваа со нож.

Во неодамнешно интервју на радио, пејачот откри повеќе детали за нападот, пишува „Фокс њуз“.

Бев ограбен за Денот на вљубените. Се чини дека на тој ден таквите работи им се случуваат на оние кои не се во врска – се пошегува пејачот, па продолжи.

Фото: Профимедиа

Требаше да правам други работи, но тој ден бев дома, а во моментот кога се случи нападот бев на само пет минути оддалечен од својот дом. Шетав и здогледав група на момци кои носеа капи, па не можев јасно да им ги видам лицата. Ја исклучив музиката и продолжив да се движам. Се вртев лево, десно и забележав дека тие ја преминуваат улицата. Тогаш помислив дека се случува нешто чудно – изјави пејачот при гостување во една емисија.

Хари раскажа дека забележал како тие му се приближуваат и постојано го следат, па набргу сфатил дека имаат намера да го ограбат.

View this post on Instagram

Mexico City Two, Live On Tour.

A post shared by @ harrystyles on

Ми се доближија и ме прашаа: „Може ли да разговараме?“. Немаше никој друг околу нас, па и реков: „Секако“, а еден од нив ме праша дали пушам трева. Кога одговорив „Не“, ме праша дали сакам, а потоа и дали носам со себе иако му одговорив дека не консумирам – се сеќава Стајлс.

Пејачот тогаш им понудил пари, но тие сакале да му го земат и телефонот.

– Едниот од нив ми рече да го отклучам телефонот, а другиот ја повлече својата маица и ми покажа нож – раскажа Хари и додаде дека тогаш почнал да бега и се обидел да запре еден автомобил, но возачот не сакал да застане.

View this post on Instagram

Perth, Live On Tour.

A post shared by @ harrystyles on

Сепак, на крај успеал да побегне на сигурно и напаѓачите престанале да го следат.

Портпаролот на лондонската полициска станица го потврди овој настан и истакна дека се работи на расчистување на случајот.

Слични објави

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо
Се вчитува....