15.8 C
Скопје
08:55 - 2 мај, 2024

Имаме ли капацитет да ги лекуваме пациентите со потешки компликации од коронавирус?

Новиот коронавирус сее страв кај луѓето бидејќи, за разлика од сезонскиот грип, тој кај поголем број пациенти прави компликации, а поголем е и процентот на заболени кои заради сериозно зафаќање на белите дробови завршуваат на машина за дишење. Во медицинските кругови кај нас се поставува прашањето дали имаме доволно капацитети, односно доволно вакви апарати доколку се рашири болеста.

– Некои студии велат дека дури 20 отсто од пациентите имаат потреба од апарат за дишење. На 1.000 заболени тоа ќе бидат 200 пациенти. СЗО пак вели дека секој четврти или 80 отсто има благи симптоми и заздравуваат успешно, кај 15 отсто има посериозни симптоми, а само пет отсто се во критична состојба. Но и да се толку, сепак, немаме капацитет бидејќи се на се во јавното здравство имаме околу 100 машини за дишење, а тие во голем дел се сместени на одделенија за интензивно лекување и не би можеле да се стават во функција за лекување на пациенти со коронавирус – велат лекарски извори за „Слободен печат“.

Овие апарати практично ги одржуваат во живот болните бидејќи им помагаат да дишат кога белите дробови не се во целосна функција заради болеста или дишат наместо нив. Без ваков апарат пациентите со посериозно воспаление на белите дробови не би можеле да се излекуваат.

Од Министерството за здравство ги демантираат овие шпекулации и велат дека подготвени се за сите сценарија.

„Системот е подготвен и може да одговори на сите ситуации. Има точно пропишани протоколи за ваков тип на ситуации. Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби раполага со 110 кревети за пациенти. Одделот за интензивна нега и на полуинтензивна нега има механичка вентилација на пациенти и целата клиника располага со довод на кислород. Како центри се планирани и болницата во Штип, Велес и Гостивар, а по потреба и други”, објаснуваат од министерството.

Оттаму не кажуваат колку апарати за кислородна поддршка вкупно има во јавното здравство.
Засега смирува информацијата дека имаме само еден заболена жена која престојувала во Италија и таа во стабилна состојна се лекува на Клиниката за и инфективни болести. Терапијата која и се дава е симптоматска, бидејќи за новиот вирус се уште нема антивирусна терапија.

The post Имаме ли капацитет да ги лекуваме пациентите со потешки компликации од коронавирус? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....