21:34 - 9 ноември, 2026

Попоски најавува повисоки температури (некаде до 20 степени), еве кога и колку ќе уживаме во сонцето

– Следува ДОПОЛНИТЕЛНО РАЗВЕДРУВАЊЕ на времето во Македонија, па затоа утре наутро и температурите речиси насекаде ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен во најтоплите југоисточни предели од државава (Утре изутрина се очекува појава на слаб до умерен мраз).

Максималните температури пак во следните неколку денови ќе бидат ПОВИСОКИ за разлика од денес и речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до близу 20 степени.

До вторник времето ќе биде стабилно со МНОГУ ПОВЕЌЕ сонце. Нов бран на врнежи од запад ќе има во среда, додека во четврток ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец и температурите повторно ќе опаднат.

Во Скопје се очекува слично време со појава на слаб до умерен мраз наутро. Преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 15 степени. Нови врнежи од дожд ќе има во среда, а во четврток следува нов пад на температурите и ЗАСИЛЕН северен ветер.

Се на се пред нас е МНОГУ ПРОМЕНЛИВО време, па затоа метеопатите во следниот период ќе имаат ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми (се советуваат да се обратат кај својот матичен лекар за совет) – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....