12:53 - 7 ноември, 2026

(Видео) Неверојатната Лорин повторно ќе ја претставува Шведска на Евровизија: Фановите „полудеа“, таа е фаворит и за Ливерпул

После шест недели натпреварување, конечно е познат победникот на Мелодифестивален. Лорин повторно ќе ја претставува Шведска на Евровизија.

Таа победи со песната Тетоважа и ќе се обиде по втор пат да победи на Евровизија.

Од почетокот на натпреварот се претпоставуваше дека Лорин ќе победи, а Шведска е убедлив лидер во евровизиските обложувалници од сознанието дека Лорин се натпреварува на Мелодифестивален.

Евровизиските фанови, во најмала рака, полудеа по Лорин. Нејзината песна веќе некое време се наоѓа на топ листите во Велика Британија и Ирска, а Твитер со недели е преполн со објави за неа.

Лорин на пошироката јавност и е позната по песната Euphoria со која победи на Евровизија 2012 година во Баку. Покрај Euphoria, Лорин има и бројни други хитови како Walk with Me, Neon lights, Sober, In My Head и I’m in It with You.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....