22:41 - 19 август, 2026

Погледнете го ова ремек-дело од видеоспот: „Ана“ ги оживеа восочните фигури на „Суперхикс“ (ВИДЕО)

Убавата Ана ги оживеа восочните фигури на членовите од групата „Суперхикс“. Поминувајќи пред излогот каде што беа поставени фигурите, Ана им го сврте вниманието на момците и ги натера да запеат за неа.

Доколку се прашувавте претходните неколку денови каде се поставени нивните восочни фигури, одговорот е следен: Суперхикс снимија нов музички спот за песната „Ана“.

Во спотот тие се восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето. Но, момците оживуваат благодарејќи на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска. Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот каде што се поставени восочните фигури. Спотот е позитивен и разигран, а текстот певлив и инспиративен. Несомнено, ова е нов хит на легендарната музичка група!

Фото: Промо

Целосната замисла на концептот за спотот е на Суперхикс, а е во продукција на „Фокус Покус Филмс“. Сценографијата е на Вања Бартлинг, со асистенција на Андреј Бартлинг, Димитар Јакимовски, Александра Петкова, Симо Бранов, Борис Минов. Костимографијата е на Жаклина

Крстевска, а шминката која што ги долови восочните лица на членовите на Суперхикс е на Златица Поповска.

Режијата и монтажата на видеото е на Благоја Неделковски, како кинематографер се појавува Димо Попов М.А.К., а асистент на камера е Раде Гогоски. За светлото се погрижија Тоде Ивановски и Александар Бошев (Про Лајт), а целосната организација е на Никола Христовски и Методија Лазаревски. Големи благодарности упатија до Никола од Ван Гог за учеството, идеите и мотивацијата кои што придонеле за успех на проектот.

Фото: Промо

Целосната екипа која што работеше на музичкиот спот е задоволна од успехот и креативноста на целиот проект и резултатите од него затоа што видеото е иновативно и необично. Суперхикс продолжуваат со работа и во овој век, со турбо работа, нови песни и спотови за своите фанови, но и за новите генерации кои што доаѓаат. На крајот порачуваат дека секој треба да си има една „Ана“ која што ќе го оживее и ќе му даде желба за творење.

Погледнете го спотот:

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....