18.8 C
Скопје
02:09 - 22 мај, 2026

(ВИДЕО) ПОЧИНА ИБРАХИМ ХАЈРАДИНОВИЌ – ИБРО: Неговиот глас го освои жирито на шоуто „Никогаш не е доцна“

Ибро со своето прво појавување на во шоуто „Никогаш не е доцна“ ги освои симпатиите на публиката, но и на жирито. Неговата искренос, мирна енергија и впечатлив глас ќе останат засекогаш во сеќавање неговите настапи како убав спомен и сеќавање.


На 60-годишна возраст во Скопје почина Ибрахим Хајрадиновиќ – Ибро, кој оваа сезона се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“ Веста за неговата смрт за „Гранд онлајн“ ја потврдиле пријателите, кои рекле дека Ибро се борел како лав цела година по операцијата на панкреасот.

„Се бореше со сите сили до крај, но за жал не издржа“ рекле тие за „Гранд онлајн“.

Ибрахим минатата недела настапи во шоуто и тогаш кажа дека благодарение на оваа емисија повторно добил волја за живот и желба за пеење.

„Ибро е еден од победниците на овој серијал, а секој негов настап покажува дека тој е на вистинското место“, рече тогаш Саша Милошевиќ Маре. Таа недела во жирито беше и Сања Вучиќ од „Хурикејн“ која кажа дека е воодушевена од Ибро и дека и се допаѓа како тој го доживува натпреварувањето.

Хајрадиновиќ е роден во Сјеница 1962 година. Во Скопје се преселил како дете, кога запишал гимназија, па поради неговото школување и целото семејство од Сјеница се преселило во Скопје. Тука живеел целиот живот. Почнал да пее 1985 година, кога учествувал и победил на познатиот музички натпревар „Распеана есен“. Како награда, тој добил снимање песна, но наградата никогаш не ја искористил. Наместо на музиката, им се оддал на пороците, па почнал да се коцка.

..

„Ми предвидуваа успешна музичка кариера, се дружев и пеев со Муарем Сербезовски, ама коцката ме влечеше повеќе од пеењето. Никогаш не бев добар коцкар, губев многу. Секогаш кога ќе заработев пари, ги трошев на коцка“ рекол тој во шоуто.

Пред десет години се развел од сопругата со која имал три ќерки.

Слични објави

Анабела проговори за наводниот развод на Луна и Марко, па ја прекори помладата ќерка: „Некои работи се чуваат во четири ѕида“

Е.А.

Познатиот композитор Рале закрепнува по операцијата на срцето: „Ана ми го спаси животот, три месеци ме чуваше како дете“

Е.А.

Милица Тодоровиќ фотографирана во прегратка на мистериозен маж

Е.А.

Тешко на оние кои сакаат да ми ја земат слободата: Маја Оџаклиевска со интимна приказна

apostolova

По синот, Марија Шерифовиќ проговори за уште едно дете

Е.А.

(Фото) Каде и да се појавите, ќе бидете во центарот на вниманието со новата колекција свечени фустани и аксесоари на „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....