6.8 C
Скопје
05:17 - 19 октомври, 2026

Патријархот Кирил на црната листа на санкционирани личности на ЕУ; Кирил:„Русија ги зајакнува своите вооружени сили само од одбранбени причини“

Поглаварот на Руската православна црква, во меѓувреме, изјави: „Русија е сила која го сака мирот и ги зајакнува своите вооружени сили само од одбранбени причини“.

На листата на личности под санкции ќе се најде и патријархот на Руската православна црква Кирил.

Во договорот за руското нафтено ембарго, како дел од шестиот пакет санкции против Москва за војната во Украина што ќе биде финализиран утре на состанокот на претставниците на 27-те земји во Брисел, влезе и името на патријархотна црната листа на Европската Унија.

Сепак, одговорот на Жозеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ на прашањето за евентуалното вклучување на Кирил меѓу имињата на санкционираните беше внимателен: „Мислам дека е така. Пред една недела ќе кажев „да“. Во моментов, всушност, на списокот е и рускиот православен архиепископ, но дури утре ќе може и официјално да се каже“.

Во меѓувреме, поглаварот на Руската православна црква за белорускиот медиум Некста изјави: „Русија е мирољубива сила и ги зајакнува своите вооружени сили само од одбранбени причини“.

 

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....