Ова се трите фази на љубовта!

Љубовта и романтичните приказни за неа не пратат од бајките и училишните лектири, па се до филмовите и телевизијата, пишува Lepa & Srećna.

Приказните често завршуваат со слика на среќни партнери кои конечно се заедно и ги чека среќа до крајот на животот.

Меѓутоа, во вистинскиот живот, токму тогаш започнува вистинската приказна.

Секоја љубов поминува низ повеќе фази и колку и да сакаме да биде лесно, обично треба доста да се вложи за двајцата да бидат среќни и задоволни во врската.

Психолозите често зборуваат за 3 клучни фази во кои партнерите поминуваат низ потполно различни емоционални состојби.

Unsplash/Nathan Dumlao

 

1. Романтична љубов

Во оваа фаза го идеализираме потенцијалниот партнер. Не исполнува голема возбуда, се радуваме на новата љубов, мислиме на партнерот цел ден и ноќ. Спремни сме да замислиме се најубаво, сакаме да го поминуваме заедно секој момент и пресреќни сме што сме доживеале таква средба.

И како што се вели „премногу е добро за да биде вистинито“, обично така и е случајот.

Тоа не е затоа што сме се „зезнале“ или затоа што некој не измамил.

Едноставно, во оваа фаза на романтиката, мозокот не е во состојба да ги перцепира сите оние „знаци за паника“, односно мааните на потенцијалниот партнер. Мозокот ужива во чувството на љубав и многу му е лесно да „заљуби“ во тоа чувство на заљубеност.

2. Реалистична љубов

Некој ќе рече „не ни е повеќе толку забавно како што ни беше порано“. Некои ќе рече „се соочуваме со потешкотии“.

Ова е едноставно, втората фаза на љубов во која многу партнери се наоѓаат затекнати, бидејќи идеализацијата исчезнува и конечно гледаме кој всушност е нашиот партнер.

Сега се гледаат сите маани и обично во оваа фаза парот раскинува или се одлучува дефинитивно да остане заедно.

Колку трае оваа фаза? Тоа е релевантно. Некои веднаш се одлучуваат на раскинување, додека другите издржуваат и по неколку години.

Доколку сте од оние кои мечтаат за романтична љубов и веруваат само во неа, ќе се почувствувате изневерени. Ќе започнат обвинувањата, повредувањето и очајот. Доколку е можно, јавете се на советник за парови.

Unsplash/Jd Mason

3. Зрела љубов

Во оваа фаза двајцата ќе се чувствувате потполно сигурно. Тоа е токму она што го посакувавте, но е неопходно да се помине низ првите две фази, нема пречки.

Сега се познавате на подлабоко ниво, знаете што сакате, што ве боли, каде ви се слабите точки, но и се прифаќате еден со друг со сето тоа.

Дали се возможни грешки? Секако, како и во претходните 2 фази. Но, нема причина за грижа, сите луѓе прават грешки и само доколку успееме преку нив да изградиме цврста врска, ќе уживаме во сигурна и страсна љубов.

Слични објави

Маж од Уганда мета на критики и потсмев: Се венчал со маж мислејќи дека е жена! (ФОТО)

Еспресо

Фановите и оставија брутални коментари – Изгледаш како да те држат како заложник (ФОТО)

Еспресо

Урнебесната роденденска честитка за Бети Вајт од Рајан Рејнолдс и Сандра Булок! (ВИДЕО)

Еспресо

Магазинот „Вог“ со историската насловна страна ја поддржа борбата за зачувување на животната средина! (ФОТО)

Слободен Печат

Три начини на кои го саботираме сопствениот љубовен живот

Еспресо

НАЈГОЛЕМ ШОК ВО ИСТОРИЈАТА НА ОСКАРИТЕ: Неговиот филм е прогласен за НАЈДОБАР, а режисерот од солзи не можеше да зборува (ВИДЕО)

Еспресо

Остави Коментар

деветнаесет − 11 =

Слични објави

Ја следат повеќе од 13 милиони луѓе но никој не забележал дека е машко – Познатата јутуберка призна сè (ФОТО)

Еспресо

Џастин Бибер објави дека е болен и откри од што пати со години… (ФОТО)

Васко Спасоски

Џенифер Лопез со нов имиџ во 2020 година! (ФОТО)

Слободен Печат

Цензура: Забранетите филмови на Нетфликс

Еспресо

За мирна ноќ: Совети како да го олесните спиењето со затнат нос

Еспресо

Научниците открија: Еве колку им е потребно на жените да ја „изгубат главата“

Еспресо