11:34 - 29 ноември, 2026

Откажан концертот на Малума во Албанија!

Поради воведените мерки во Албанија за превенција од коронавирусот и откажување на сите културни, уметнички и спортски настани, откажан е концертот на колумбиската музичка ѕвезда Малума.

– Концертот требаше да се одржи на 14 март на плоштадот „Мајка Тереза” во Тирана. За него голем интерес владееше и меѓу младите од соседните земји. Концертот ќе се одржи на друг датум и сите купени билети ќе бидат валидни, соопшти организаторот на концертот.

Исто така од локалната власт на албанскиот град Елбасан соопштија дека нема да се одржи и традиционалната манифестација „Денот на летото”, што секој 14 март се одржува во овој град.

На оваа манфестација, освен илјадници албански граѓани од сите делови на земјата, редовно, секоја година, присуствуваат и стотици граѓани од Дебар, Струга и Охрид

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....