22.8 C
Скопје
16:38 - 2 мај, 2024

OLD BUT GOLD: Сексот над 60 години ич не лош

Сè повеќе од нас слушаме приказни за пријатели или роднини кои никогаш не биле во брак, ама наеднаш…се вљубиле на „стари години“, или пак за вдовици или разведени кои подоцна одлучиле да почнат живот со друг човек/жена. За жал, реакциите (на оние кои слушаат) често се изненадувачки, додека оние пак, кои си ја донеле ваквата одлука се неочекувано многу среќни.

Истражувањата покажуваат дека продолжениот животен век, менувањето на ставовите кон бракот, сè почестите разводи, како и промената на културните гледишта го поттикнуваат цунамито на љубовта во староста.

Изненадувачки, во Европа, 67 проценти од разведените на возраст меѓу 55 и 64 години повторно се одлучуваат за венчавање, па дури и 50 проценти од оние кои се на возраст од 65 години и повеќе!

Instagram

Последните податоци покажуваат дека браковите меѓу постарите од 65 години се зголемени во текот на изминатата деценија. Како резултат на тоа, милиони луѓе уживаат во најдобриот секс во својот живот.

Кога сме млади, некои од нас имаат среќа да имаат страстен секс кој експлодира во оргазам. Други може да имаат „така-така“ секс без да се чувствуваат целосно удобно со идејата да ги изразат своите сексуални потреби.

Оние кои се во долга врска можеби се навикнале да грабнат време за секс во хаотичниот распоред, меѓу работата и грижата за децата. Но, без оглед на вашите претходни искуства, без разлика дали имате 50 или 80 години, истражувањата потврдуваат дека новата врска ви дава можност да ја доживеете сексуалноста на нови и длабоко задоволувачки начини. Оние кои се во долготрајни врски каде сексуалната енергија можеби се истрошила, би можеле – и би требало – исто така да ја искористат оваа прилика за да извлечат инспирација од својата „збајатена“ врска и да го вратат сјајот помеѓу чаршафите.

Како до одличен секс по 60-та

За одличен секс по 60 години, ќе треба да ги преиспитате вашите очекувања. Не очекувајте постарите тела да се однесуваат како помладите. Најверојатно сте изгубиле мускулна маса. Можеби зглобовите ве болат. Како што старееме, протокот на крв во нервните завршетоци кај машките и женските генитални органи се намалува.

Проблемите со срцето, хипертензијата, дијабетесот и другите медицински состојби влијаат на сексуалноста. Некои лекови на рецепт ја попречуваат сексуалната желба и функционирање. Секој е различен. Многу мажи ја губат ерекцијата на возраст од 50 години. Некои пак до доцните 70 -ти години немаат проблеми. Некои редовно тренираат во фитнес-сала и остануваат агилни. Други имале срцев удар или проблеми со дишењето и се обидуваат да бидат колку-толку активни, како во спалната соба, така и надвор.

Ако сте жена, големи се шансите вашиот естроген да „испарил“, и ако сте маж, вашиот тестостерон веќе се намалил. Тоа значи дека ќе бидете побавни за да добиете ерекција и истата да ја одржите. Може да ејакулирате или воопшто да не ејакулирате. Колената може да го ограничат вашиот репертоар на позиции. Но, ништо од ова не треба да ве спречи да се забавувате во кревет.

Instagram

Покажување и искажување љубов е многу важно

Откако ќе достигнете средна возраст и над тоа, сексот не е само страст; туку се работи за љубов. Затоа искористете ја секоја прилика да го искажете тоа. Користете зборови, гестови и нежен контакт со очите. Бакнувајте страсно. Стуткајте се во прегратките еден на друг. Испраќајте слатки или секси пораки кога сте отсутни. Поздравете се со прегратки и бакнежи.

Ако живеете заедно, честопати можете да се поврзувате на различни начини. Можете да сигнализирате страст со интензивен контакт со очите, да си го триете грбот, да си готвите романтични вечери…. Ако кажете „те сакам“ – љубовта може да се претвори во страст, а со страста си доаѓа сексот – иако овојпат е многу нежен.

ко немате секс долго време, прво консултирајте се со вашиот лекар. Рецепт за естроген крем (за жени) и / или лек за еректилна дисфункција (ЕД) (за него) дефинитивно може да вреди да се разгледа.

Дали апчињата делуваат? 

Лекови како Виагра и Сиалис делуваат со зголемување на протокот на крв во пенисот, така што половиот орган се стврднува и таков останува подолго време, но тоа не е автоматски ефект – апчињата тие дејствуваат само ако сте емотивно возбудени.

Од друга страна пак, некои жени се жалат дека при примена на апчиња од страна на нивниот партнер, ерекцијата е премногу „тврда“ или трае премногу долго.

Некои мажи доживуваат непријатни несакани ефекти како што се главоболки, топли бранови, стомачни тегоби и промени во видот.

Виаграта трае само неколку часа, додека Сиалис може да има поблаг ефект кој трае скоро два дена и овозможува спонтан однос за тоа време.

Ако вашиот лекар вели дека сте доволно здрави за да ги земате овие таблети и да имате секс, пробајте една и дознајте дали делува и за вас и за партнерката.

За жените, типот на лубрикант што го користите е исто така важен. Заборавете на локалниот фармацевт – треба да проверите поширок опсег на опции во некоја секс -продавница или да нарачате дискретно преку Интернет (често може да добиете примероци). Секој лубрикант има свои предности.

Оние на база на вода лесно се мијат, но можеби ќе треба да ги надополните за време на сексот. Лубрикантите на база на силикон траат подолго и можеби со нив подобро ќе уживате…Пробајте ги и двете.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....