18.8 C
Скопје
11:44 - 19 октомври, 2026

НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА КОВИД: Стигнуваат факти за тоа дали и колку ни користат маските!

Unsplash

Од најновата меѓународна студија објавена во Journal of The Royal Interface, пристигнува потврда (ако сè уште имало потреба) за корисноста на маските: според она што го откриле истражувачите, хируршките маски и FFP2 го прават ризикот од зараза речиси нула дури и ако зборувате, кашлате или кивате.

ПАТУВАЊЕТО НА КАПКИТЕ

Студијата опфаќа теорија стара речиси векови формулирана од американскиот научник Вилијам Фирт Велс, кој во 1934 година ги постави темелите на студијата за преносот на вируси преку воздухот со разлика помеѓу поголемите капки и аеросолите (помали капки кои брзо испаруваат). Користејќи ги најновите сознанија за респираторните спрејови, истражувачите претставија нов модел кој го дефинира ризикот од респираторна инфекција земајќи ги предвид неколку параметри: условите на околината, вирусна присутност и вид на респираторна активност (зборување, пеење, кивање, итн.).

РИЗИК ОД ЗАРАЗУВАЊЕ

Симулациите открија дека респираторните капки, ако не се блокирани со маски, можат да достигнат над еден метар ако ги испушти лице што зборува, до три метри ако ги испушти лице кое кашла и до седум метри ако ги испушти лице кое кива.

Ризикот од зараза зависи од неколку фактори: кашлица со просечно вирусно присуство, на пример, вклучува висок ризик од зараза за оние кои се до два метри оддалеченост од заразениот во просечна влажна средина, но до три метри растојание можат истите да се заразат доколку сте на многу влажно место.

КАКВА ЗАШТИТА ДАВААТ МАСКИТЕ

Со користење на хируршки маски или, уште подобро, на маска FFP2  ризикот од зараза во секоја ситуација станува речиси нула, без оглед на влажноста, растојанијата и вирусната присутност.

Имено, маските нудат одлична заштита, ефикасно го ограничуваат преносот на заразчни честици дури и на кратки меѓучовечки растојанија и во какви било услови на животната средина.

Слични објави

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova
Се вчитува....