05:05 - 9 ноември, 2026

Неромантичната страна на веридбата на ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ и БЕН АФЛЕК: Прстенот – успешна маркетинг операција!

Џеј Ло објавува веридба, ги принудува обожавателите да се претплатат на нејзиниот билтен за повеќе детали, а нејзината страница се „урива“. 

Џенифер Лопез и Бен Афлек се верија. Како фотон што „трча“ низ забрзувачот на честички во ЦЕРН во Женева, љубовната приказна на Бенифер го поминува простор-времето за да открие нова основа на физиката на честичките. Ова е втора свршувачка на парот по онаа што ја откажаа во јануари 2004 година. Најавата дојде како експлозија и фановите треба да бидат многу среќни. Но…

Лопез го објави видеото на својот билтен за нејзините обожаватели, On the JLow, доцна во петокот навечер. Тоа е изборот, сепак… Операцијата не е толку секси ниту романтична: видеото можете да го гледате само со внесување на имеил адреса и – со претплата на билтенот.

Така, огромен број на фанови се обидувале да го видат видеото и се соочиле со многу технички проблеми, па користеле и Chrome и Safari…се пробале!

И очекувано – симултаниот пристап на милиони фанови на Бенифер од целиот свет ја блокирал страницата.

Речиси истовремено, Пејџ Сикс дополнително ги „пали“ фановите (кои се уште, доколку не се претплатат на билтенот не можат да стигнат до видеото) известувајќи дека во видеото, Џеј Ло „воодушевено зјапа во зелен дијамантски прстен“ и гласот вели „ти си совршена“. Романтична музика свири во позадината…

Дури подоцна, откако фановите се „уморија“, Џенифер Лопез објави видео на својот Инстаграм профил.

Секако,веридбата е прекрасна работа, а на Лопез и Афлек дури и ние им посакуваме се најдобро и многу среќа. Со нетрпение очекуваме дополнителни детали за тоа како ќе се развива оваа љубовна приказна понатаму, за свадбаа и кумот – веројатно – Мет Дејмон.

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ја потврди свршувачката: Во ВИДЕО низ солзи ја раскажува среќната вест!

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....