10.4 C
Скопје
04:19 - 20 октомври, 2026

„Насилна за мажи, совршена за девојка“: Заводливиот хит на Ненси Синатра кој и денеска е провокативен! (ВИДЕО)

Ненси Синатра, ќерката на Френк, го зацементира својот статус како музичка дива, кога, на денешен ден во 1966 година ја објави песната „These boots are made for walkin’“.

Цел свет играше на провокативниот хит проследен со спот, а Ненси беше горда поради тоа што на пошироката јавност и го покажа талентот кој го наследила од својот татко.

Синглот го напиша музичарот Ли Хејзлвуд, кој сакал и да го тпее, истакнувајќи своевремено дека „ова и не е во целост женска песна“.

Ненси сепак го дeмaнтираше со зборовите – „кога маж ја пее, тогаш таа звучи остро и насилно, но песнатата е совршена за млада девојка“.

Кога беше објавена, песната веднаш се најде на првото место на „Билборд хот 100“ во САД.

„There boots are made for walkin’“, беше вториот сингл на Ненси од успешниот албум под назив „Boots“.

Заедно со песната, Ненси сними и „промотивен филм“, кој подоцна го менува терминот во „музичко видео или спот“, а во кој Синатра се појавува во чизми кои и денеска ги носат многу жени ширум светот.

Спотот кој можете да го погледнете подолу и денеска добива прегледи на Јутјуб…

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....