22.8 C
Скопје
16:44 - 19 октомври, 2026

На шест години била жртва на сексуално злоставување: Потоа станала зависничка од алкохол…. (ФОТО)

Џесика Симпсон во својата автобиографска книга „Open Book“ (Отворена книга) откри мрачна тајна од своето детство, која ја шокира јавноста.

Имено, популарната пејачка и актерка раскажа дека била сексуално злоставувана од страна на таткото на својата другарка кога имала само шест години и кога „спиела во креветот на ќерката на семеен пријател“. Сè почнало со „скокотање на нејзиниот грб, а потоа продолжило со работи поради кои се чувствувала многу непријатно“.

 

View this post on Instagram

 

Feelin’ this weave and cut thanks to my besties @riawna @nikkilee901 ??

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

– Се убивав со алкохол и таблети. Ми беше тешко да се одвикнам. Бев бесна, а апчињата ми помогнаа во намалување на болката. Сакав да им кажам на родителите, бев жртва, но чувствував вина и кај себе“, раскажува Џесика во својата книга.

Понатаму, Џесика открива дека оставањето на алкохолот не ѝ било тешко бидејќи му „билалута на шишето“. Сепак, терапијата за одвикнување ѝ била исклучително тешка. Како што поминувало времето, таа сè повеќе работела на себе, но се случувало повторно да ги почувствува сите трауми што одамна ги потиснала во себе.

 

View this post on Instagram

 

Saturday Smile ?

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

Актерката во автобиографијата напишала дека на родителите им раскажала дека била злоставувана дури кога имала 12 години, шест години подоцна, за време на едно семејно патување.

– Мајка ми го уди татко ми по рака и викна: ‘Ти кажав дека нешто не е во ред!’ Тато не го оттргна погледот од патот, молкум продолжи да вози. Веќе никогаш не отидовме во домот на мојата другарка, но исто така и никогаш не зборувавме за тоа што ми го кажав“, открила Симпсон.

Слични објави

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.
Се вчитува....