22.8 C
Скопје
13:26 - 28 септември, 2026

На денешен ден почина Јосип Броз Тито: Ова е човекот кој ја имаше одговорноста на нацијата да и соопшти за неговата смрт

На денешен ден пред 42 години почина доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, а човекот кој таа вест ѝ ја соопшти на Југославија беше спикерот Миодраг Здравковиќ.

„Умре другарот Тито… Тоа вечерва го соопштија Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и претседателството на Социјалистичката Федеративна Република Југославија на работничката класа, работниците и граѓаните, народите и народностите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија… Наскоро ќе емитуваме извештај од седницата на претседателството на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија“, изговори Здравковиќ на 4 мај 1980 година малку по 19 часот.

Здравковиќ во таа 1980-та година опишал како се чувствувал кога му била дадена страшната задача.

„На 14 февруари ми беше кажано да не се оддалечувам од Белград и постојано да бидам во врска со телевизијата, со својата редакција. Никој не ми кажа зошто, тоа го насетив читајќи го соопштението на докторите за здравствената состојба на претседателот“, се присетил Здравковиќ.

„Не се сеќавам на моментот ни на точното време кога го добив соопштението што требаше да го прочитам. Во ходникот што води кон студиото доживеав уште едно изненадување.

Тука веќе беше филмската екипа која го снимаше тоа мое доаѓање и тоа некако ме пресече. На онаа полна мера одговорност и концентрација што ја имав, тоа додаде уште нешто, не знам точно што, ама чувствував дека е на видик најголемата криза“, рекол, додавајќи и дека не се сеќава како го прочитал текстот кој бил ставен пред него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josip Broz Tito (@new_yugoslavia)

„Знам дека некако влегов во студиото, седнав и бев страшно задишан, како да сум трчал со километри. Ми пријде Милан Вукос, нашиот генерален директор уште еднаш да го погледне текстот и ми рече да ја допишам третата реченица, онаа „наскоро ќе“.

Автоматски почнав да го пишувам тоа што го диктираше и наеднаш застанав – за момент не можев да се сетам како официјално се вика нашата земја. Тоа беа делови од секундата, а мене толку долги“, опишал спикерот Миодраг Здравковиќ, кој почина во 2017 година, на 90-годишна возраст.

Instagram

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо
Се вчитува....