10.8 C
Скопје
21:42 - 26 април, 2024

МОДЕРНИОТ НОМАД ГОНЕВ ОД РАДОВИШ НИ ОТКРИВА ПОИНАКВА МАКЕДОНИЈА: Дивината е исцелителка за сите болести!

Идентитетот не сака целосно да си го открие, па така, само најблиските го знаат неговото вистинско име, образование, професијата. За останатиот свет тој е токму тоа што го гледаме – модерен номад, ако сакате и современ Тарзан.

фото – приватна архива

Гонев од Радовиш, познат како модерен номад, веќе пет години развива и следи стил или цела една филозофија на живеење која драстично се разликува од денешниот начин на живот. Инспирацијата која стои зад прекарот „модерен номад“ доаѓа од неговиот физички изглед и имиџ, кои треба да одговараат на зборот „модерен“, а „номад“ пак, одговара на номадскиот начин на живот што го води, постојаните патувања на различни дестинации и готвење на различни локации. Од пред една година овој начин на живот Гонев почна да го документира и да го постира на социјалните мрежи, собирајќи бројни следбеници и поддржувачи.

Гледајќи ги неговите фотографии, човек би помислил дека тој позира во некои недопрени и недостижни предели, во некоја дивина, а сепак, тоа е Македонија. Го прашуваме, која е таа Македонија, и каде може да се најде, повторно да се открие?

фото – приватна архива

– Пределите во кои најчесто одам секако не се допрени од човек. Одиме на доста недостапни места со доста лоши теренски услови. Доколку физички не сте подготвени, навистина е тешко, дури и невозможно да се стигне до таму. Сакаме да одиме во длабочината на планината, во срцето на дивината каде што и врапчињата се реткост. Најчесто одиме во источните предели на Македонија, а планините ни се крајна дестинација. Инаку, природата во Македонија може да се најде буквално насекаде. Секој град во своја непосредна близина крие планински предел што вреди да се посети – ни одговара Гонев.

Својот „тарзански“ изглед го постигнува со редовно тренирање, речиси секој ден најмалку 30 минути. Секако, тука е и здравиот начин на исхрана, а признава дека и духот на природата и чистиот воздух придонесуваат во тоа. Вели дека доколку не го практикува тоа, многу е тешко да го издржи целиот процес околу носењето на алатките, храната, собирањето дрва, готвењето, снимањето… , зашто сè тоа бара кондициска подготвеност.

фото – приватна архива

Под отворено небо нашиот модерен номад готви, без разлика какво е времето, дали врне, вее, паѓа снег, и без разлика на локацијата, дали е тоа покрај водопад, река, во длабочините на шумата. А, специјалитетите се сочни, благодарение на органските намирници, но и на алатките со кои се служи, вршник, камен, старински тави, пече на жар под земја, на отворен оган…

– Македонската природа сè уште дозволува да стапнеме до нејзините „диви“ места и да кампуваме. Готвењето за мене е смирувачки процес, тоа е уметност сама по себе. За мене секоја кујна е прекрасна и посебна на свој начин. Затоа ги сакам сите интернационални кујни и секогаш гледам да готвам специјалитети од секоја од нив. Не сакам да се насочувам само кон една кујна, сакам да сум сестран така што и ова има своја улога во зборчето „модерен“. Во иднина секако следуваат македонски традиционални јадења, но прво сакаме да имаме доволно странска публика, која би можела да ги види нашите прекрасни специјалитети – објаснува Гонев.

Нè интересира – кога органската храна е навистина органска за разлика од онаа која ни се нуди во продавниците, а тој, се разбира, има одговор и за тоа.

– Органска храна сè уште може да се најде кај нас во Македонија. Најмногу во помалите места и градови каде што сè уште има луѓе кои имаат свое парче земја и ја обработуваат. Мое мислење е дека на органската храна не ѝ требаат зачини. Таа сама е зачинета, си има посебен вкус.

Како љубител на овошјето и зеленчукот, презадоволен е од она што нашата земја го има и го нуди. Иако, за него, сите си имаат посебна убавина, ги издвојува за пример капините, малините, оревите, лешниците, печурките вргањ, од кои е импресиониран.

Пределите во кои најчесто одам секако не се допрени од човек, недостапни места со лоши теренски услови. Ако физички не сте подготвени, речиси е невозможно да се стигне до таму. Одам во длабочината на планината, во срцето на дивината, каде што и врапчињата се реткост. фото – приватна архива

Што научил од планината? Низ воздишка вели, многу нешта.

– Таа е вистински исцелител, лек за сите болести. Треба да го цениме тоа богатство, а Македонија го има во изобилство. Ако не можеме да ѝ помогнеме, барем да не ѝ одмагаме со загадување и нејзино уништување. Треба само малку повеќе да го цениме тоа што таа ни го дава, како чистиот воздух и вода, безброј лековити билки и секако, нејзината убавина – ни одговара модерниот номад и нагласува дека планината е непредвидлива, дека никогаш не може да знаете со што ќе ве изненади.

– Со неа нема играње, мора сериозно да ѝ пристапите – вели, а тој и навистина така ѝ пристапува.

фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива

 

 

 

Слични објави

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо
Се вчитува....