23.8 C
Скопје
11:57 - 11 мај, 2026

МИСЛЕЛА ДЕКА НЕКОЈ И ГО УКРАЛ ИДЕНТИТЕТОТ – Брена раскажа детали од минатото кои ќе изненадат многумина!

Лепа Брена се присети на почетоците на естрадното небо, па изнесе низа детали за кои сигурно ќе се зборува.

– Изгледа дека сум се родила подготвена за сите подеми и падови. Зборував често дека не сакав да ме нарекуваа Лепа Брена – ја започна својата приказна Брена за „Слободна Далмација“.

– Во 1982 година, кога „Стлатки грех“ и јас го снимивме албумот „Чачак, Чачак“ пеевме на популарната „Хит парада“. Отидов во Брчко со мајка ми Ифета да сошиеме костим со прилично отворен топ. Сошивме и монистра за мојата коса, успав да купам и рачно изработени сандали кај „Кралот“ во Белград. Тој момент ми беше пресвртница, бидејќи кога еднаш ќе се навикнете на удобни обувки, тежнеете за такви целиот свој живот – наведе таа.

инстаграм

Меѓутоа, што се случило? Режисерот на „Хит парада“ ја исфрлил снимката од настапот на Брена и му дал на легендарниот Минимакс малку да се поигра со истата.

– Една недела, додека ручав, слушнав како на телевизија ја најавуваат девојката Лепа Брена која кога пее – се рушат зградите и се случува земјотрес. Помислив дека некој ми го украл идентитетот, бидејќи јас бев само Брена, но од тој дан станав и Лепа, вели пејачката.

Пејачката појасни и дека нејзините почетоци воопшто не биле лесни и дека се сретнала со многубројни проблеми, еден од нив била и дискриминацијата бидејќи била жена, а била многу успешна. Како што вели таа и биле избришани и неколку награди. Потенцираше дека на многумина им пречела и нејзината плава коса и тоа што пее народна музика. Друг проблем и биле и финансиите, таа патувала низ цела Југославија со автобус, преспивала во автобус, се со цел да ги исполни сите настапи кои ги барале нејзините обожаватели. Немала финансии за фустани за секој настап, па така таа и својата мајка заедно ги креирале, но како што вели никогаш не се откажала.

Никогаш не бев девојка и жена која така лесно се откажува, заклучи Лепа Брена.

Слични објави

„Дали ни треба уште еден тест“: Марија и Бојан од „Ај кју“ објавија среќна вест, добија бројни честитки

Еспресо

(Фото) Ужива на Бали — снаата на Теодора Џехверовиќ позираше во минијатурно бикини

Еспресо

Хороскоп за 11 мај: Близнаците ги очекува одлична дружба, Лавовите ќе се покажат во полн сјај

Еспресо

Има само 18 години, а веќе ги полни клубовите: Младата хрватска пејачка изгледа сензационално

Т.Ц.

Внуката на Арсен Дедиќ има 24 години и тргна по стапките на дедо ѝ: Прилично сум енергична личност сум, едноставно немам мир

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ со остра изјава: „Никој не се радува на успехот на Јаков Јозиновиќ“

Еспресо
Се вчитува....