07:13 - 29 ноември, 2026

Милош Биковиќ одбра име за синот: Еве како ќе се вика неговиот наследник

Српскиот актер Милош Биковиќ и неговата вереница Ивана Малиќ станаа родители на машко дете. Како што објавија српските медиуми, сѐ поминало во најдобар ред, а мајката и детето се во добра здравствена состојба.

Откако се прошири убавата вест, голем број обожаватели се запрашаа како актерот ќе го крсти својот новороден син. Имено, заљубениот пар јавно не откри како ќе се вика детето, но неговиот колега Милош Петровиќ Тројпец на социјалните мрежи објави фотографија со Биковиќ и кратко напиша: „Васа“.

Името Василиј, а скратено Васа е старо христијанско име со грчко потекло, што значи царствен, односно цар.

Да потсетиме, Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се во романтична врска нешто повеќе од две години.

Актерот за првпат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“ („Јужни ветар 2: Убрзање“) во 2021 година.

(Фото) Камин, икони и посебни спомени: Ѕирнете во љубовното гнездо на Милош Биковиќ во кој ќе живее со свршеницата Ивана и синот

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....