21:15 - 8 ноември, 2026

Мајкл Џексон: Судот ја отфрли тужбата на Џејмс Сејфчук кој го обвини Џексон за сексуална злоупотреба !

Но, судот ги отфрли обвиненијата, велејќи дека компаниите немале должност да се грижат за г-дин Сејфчук. Адвокатите Џонатан Стејнсапир и Хаурард Вајцман, кои ги застапуваат „MJJ Productions“ и „MMJ Ventures“ за „BBC“ изјавија:

„Задоволни сме што судот се согласи дека г-дин Сејфчук нема основа да ја спроведе својата тужба“.

Сејфчук беше еден од двајцата мжи кои ја обвинија покојната поп-ѕвезда Мајкл Џексон за злоупотреба. Во својата постапка, тој изјави дека Џексон го злоупотребувал стотици пати во неговите домови и за време на турнеи кон крајот на 80-тите и раните 90-тите години од минатиот век.

Споменатите компании беа основани од Џексон за да ја водат неговата кариера. Но, во тужбата се тврдело дека тие две компании имале прикриена цел, односно да функционираат како операција за сексуална злоупотреба на деца, специјално дизајнирана за лоцирање, привлекување, примамување и заведување на жртвите.

Адвокатот на Сејфчук, Винс Финалди изјави дека неговиот клиент бил вработен и работел како танчер и забавувач на сцената со Мајкл.

„Бидејќи тој беше малолентик кој беше вработен и работеше за нив, тие имаа должност да го штитат. Тоа е нашиот аргумент“, изјавил тој.

Но судијата од Калифорнија Марк Јанг не се согласи со тоа, велејќи дека компаниите не биле директно одговорни за предизвикување емоционален стрес и не биле во можност да го контролираат Џексон, бидејќи тој ги контролирал компаниите и сите што биле вработени во нив. Судијата истакнал дека корпорациите не можат да бидат директни сторители.

Џејмс Сејфчук, кој бара неутврдена отштета, ќе поднесе жалба. Додека беше жив, Џексон жестоко ги негираше овие обвнинувања.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....