7.8 C
Скопје
22:24 - 25 април, 2024

Легендарните „Deep purple“ за првпат настапија во Југославија, „Бијело дугме“ го објави култниот албум „Битанга и принцеза“ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Токму на 16 март во далечната 1975 година славните „Deep purple“ за првпат свиреа во Југославија, што ќе значи почеток на една нова ера, кога се во прашање гостувањата на светски познати бендови на овие простори.

Во продолжение прочитајте по кои сè други настани низ историјата на музиката ќе го паметиме денешниот ден:

1951 година – Роден Енцо Лесиќ, сплитски клавијатурист кој, помеѓу другите, свиреше во бендовите „Делфини“ и „Индекси“, а се прослави и како продуцент на албумот „Пакет аранжман“.

1970 година – Во Америка е објавен синглот на канадската рок група „The guess who“ со песната „American woman“, која е насловна тема на нивниот истоимен трет студиски албум и најславен број во нивната кариера.

1970 година – Почина Тами Терел (24), американска соул и ар-ен-би пејачка. Младата музичарка објави три студиски албуми, а оствари и неколку хитови во дует со Марвин Гај, помеѓу кои најголем успех имаше песната од 1967 година, „Your precious love“.

1972 година – Англиската рок група „Humble pie“, која ја предводеше пејачот, главен автор и мулти-инструменталист Стив Мариот, го објави својот петти и најуспешен албум, „Smokin’“, на кој најголемо внимание доби песната „Hot ‘n’ Nasty“.

1975 година – „Deep purple“ во Југославија. Првото гостување на славната англиска хард рок група „Deep purple“ во некогашна Jугославија и првиот голем рок спектакл се случи во 1975 година на два концерти – На денешен ден, 16.03. во салата Пионир во Белград и на 17.04 во Домот на спортовите во Загреб. „Deep Purple“ со новиот пејач Дејвид Ковердејл, кој пред две години го замени Иан Гилан, го промовираа албумот „Stormbringer“ (најпознат по хит баладата „Solider of fortune“). Овие концерти се посебно важни затоа што ја отворија вратата на Југославија за серија на светски рок атракции кои следуваа потоа – Сантана и Френк Запа гостуваа истата година, а „Rolling Stones“, „Jethro Tull“ и „Paul McCartney & Wings“ следната.

1979 година – Југотон го издаде четвртиот студиски албум на „Бијело дугме“ под назив „Битанга и принцеза“. Уште при првото појавување, критичарите веднаш го оценија како еден навистина зрел и урбан албум на овој бенд, на кој целосно исчезнаа поранешните влијанија на фолк музиката во мелодиите.

1987 година – Сараевската поп рок група „Валентино“ го објави третиот албум, означен само со реден број 3. Како попознати нумери се одделија песните – „Ока твоја два“, „Нема је, нема је“, „Лова ми не треба“ и баладата „Кад ме више не буде“.

2007 година – Во Загреб на 62 години почина Ивица Перцл, хрватски шансониер, композитор, поет, карикатурист и сликар. Песната „Стари пјер“, чиј автор е Џорџ Новковиќ, а со која Перцл во 1968 година настапи на „Загреб фест“, стана најрпдаваниот домашен хит на сите времиња.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....